Одново пишувам

За последен пат велам,

римата левитира

Додека почнувам да пишувам

Одново и одново

Перото не сака да згасне,

бдее над умот буден

Умот ајмана аздисан,

плоден по друмот оден

Сее творби тешки,

како тешкото мијачко

Рациновите желби,

за писанија живнуваат

Прераскажани сетне,

од многубојниот ми живот

Нескротен бил и духов шеталец

Место не го фаќа, велат старите

Сегашноста несетно,

биднува минато

Со небројани изминати часови

Пеам за љубовта,

дур кревам чаша за животот

Обвиен во кадифе и чоја стара

Абажурот бледее од ноќи непреспиени

Ради перото и листовите осветлени

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?