Месечина – Милчо Мисоски

Драги љубители на поезијата, со вас ги споделуваме стиховите од Милчо Мисоски кои се објавени во збирката
“ПЕСОЧНИ КАПКИ” во 2017 година.

М Е С Е Ч И Н А

Под морето
крст распослан по целата должина на месечината.

Под морето месечина
место каде се се одмора.

Под морето
светлината си ја заборавила сенката,
својата преведувачка,
пресретнувачка на одамна изгубените прегратки.

Автор: Милчо Мисоски

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?