Занимливости и информации Писатели и поети Странски автори

Неверојатната животна приказна на Александар Дима, легендарниот француски автор

Животот на Александар Дима, исполнет со шокантни двобои, неочекувани раѓања и дива романса, е фасцинантна приказна која ја пишувал. Иако пишувал романи од различни жанрови, најпознат е по своите два авантуристички, највозбудливи романи на сите времиња: „Тројцата мускетари“ и „Гроф Монте Кристо“. Фактите од животот на Александар Дима потврдуваат дека вистината е често понеобична од фикцијата.

Роден е во Франција во 1802 година. Растел во сенка на наполеоновите војни. Татко му бил угледен француски офицер, посветен на идеалите на француската револуција. Дима го поминал неговото детство во период на бурни историски случувања и чувството за историските настани го обликувал големиот дел од неговиот книжевен живот. Бил познат по пишување епски, историски насочени приказни кои ги забавувале и воодушевувале сите генерации што го читале. Иако умрел во 1870 г. неговото наследство продолжува да живее и неговите приказни се покажале како ризница теми за филмските создавачи.

Неговата биографија открива фигура поголема од животот, многу покомпликуван и поинтересен отколку што повеќето луѓе можат да разберат. Дима својот живот го живеел во потполност и бил познат поради својот бурен љубовен живот исто толку колку што бил познат по својот книжевен успех. Едноставно кажано, Александар Дима бил лош дечко на книжевноста од своето време. Бил прочуен заводник за кој се велело дека имал 40 љубовници. Дима во 1840 г. ја оженил глумицата Ида Фериер, но со промената на брачниот статус одеднаш не почнал да практикува верност. Во текот на нивниот брак се впуштал во вонбрачни авантури. Всушност се велело дека имал најмалку 40 љубовници. Меѓу неговите повремени љубовници била и прочуената Ирска танчерка и авантуристка Лола Монтез.

Имал цела низа вонбрачни деца. Вонбрачните деца изгледа биле наследна црта на семејството на Дима. Иако бил во брак со глумицата Ида, со неа немал законско дете. Наместо тоа, имал барем 4 вонбрачни деца, а најверојатно и повеќе како последица на своите бројни афери. Меѓу неговите вонбрачни деца бил и синот кој го добил името по татко му. И Александар Дима синот станал романописец и писател на театарски претстави, познат по романот „Дамата со камелии“.

Бил толку успешен што сите пари ги потрошил на дворец

Александар Дима станал еден од најпознатите писатели на 19 век. Фактот дека бил плоден писател значел дека располагал со голем приход. Што направил со сите пари? Сите ги потрошил на дворец кој го нарекол по една од своите најпознати книги: Дворецот Монте Кристо. Внимателно изградениот имот го чинел Дима околу 200 000 франка – 15 милиони долари во денешно време.

Бил потомок на две раси во текот на апсурдно расистичка ера

Бил вонбрачен син на гроф и робинка. Бил мулат познат по својата темна кожа, и навистина расата била клучна за начинот на кој неговиот татко го доживувале во Франција. Убавиот и прославен генерал бил познат и како „Црниот ѓавол“. И презимето Дима доаѓа од неговата баба робинка, а не од неговиот дедо аристократ. Како млад човек и писател Александар Дима бил болно свесен за апсурдноста на расните категории и бил критичар на ропството. Дури и напишал книга, објавена под наслов „Жорж“ (Georges), во која говорел за расизмот. Во една прилика, кога подоцна во текот на животот го прашале за неговото семејно стебло, тој поентирал: „Мојот татко беше мулат, мојата баба црнкиња, а моите прадедо и прабаба биле мајмуни. Накратко мојата лоза потекнува таму каде што и вашата се завршува, господине.“

Неговиот татко бил вистински јунак кој влегол во конфликт со Наполеон

Александар Дима изградил фигура на херојски татко речиси во сите свои јунаци

Родителите на Александар Дима таткото биле француски аристократ и робинка од островот Св. Доминик (денес Хаити). Татко му живеел возбудливо и фасцинантно, токму како приказните кои неговиот син еден ден ќе ги пишува. Станал еден од најуспешните генерали во војните за време на француската револуција и често влегувал во конфликти со противникот. Тој бил највисоко позициониран црн офицер во расистичкиот свет.

Дима не го идеализирал само неговиот татко, тој му бил и инспирација. Често во неговите дела може да се сретнат јунаци како маргиналци и луѓе од разновидно потекло.

Во текот на својот прв двобој ги изгубил пантолоните наместо животот

Во текот на првата половина од 19 век двобојот станал важен начин за докажување на машкоста. Но неговиот прв двобој не поминал како што тој замислувал. Дима излегол на двобој на 5 јануари 1852 г. при што претрпел навреда на неговиот стил на облекување. Иако двобојот звучи многу херојски и романтично, реалноста не е баш таква авантура каква фановите ја замислуваат. Дима не можел да ги задржи пантолоните и тие речиси му паднале во текот на двобојот.

Најверојатно починал од сифилис

Годините на неговата прељуба го пресретнале. Се мисли дека добил сифилис во некој момент од тие во неговите најмалку 40 афери. Сифилисот иако прилично чест во текот на 19 век, бил сериозна болест како што и се покажало. Најверојатно на крајот и го убил, т.е. Александар Дима умрел на 5 декември 1870 г.

Постои тврдење дека Александар Дима сам не ги напишал своите дела

Тој важи за еден од најценетите француски романсиери на сите времиња, многумина веруваат дека тој не бил единствен гениј зад своите книги. Многумина веруваат дека не е обрнато доволно внимание на неговиот соработник и можниот ghostwriter (писател-дух) Огист Жил Макеј, помеѓу другите. Научниците сè уште дискутираат колкава е улогата на неговиот соработник во продолжетокот на некои од најсаканите романи на Дима.

Бил страстен љубител на театарот

Дима не пишувал само романи. Всушност, прво почнал со пишување театарски претстави. Неговиот почетен успех во театарот му дал можност да се разграни и да почне да печати и други книжевни жанрови. Во текот на својата карира објавил неверојатни 650 книги. Но, секогаш во душат бил голем љубител на театарот. Еден од примерите каде што тој трошел исто колку и што заработувал е кога изградил цел театар. Овој театар пропаднал три години откако Дима го воспоставил, и тој морал да му ја продаде својата куќа на американски забар за да ги подмири долговите.

Морал да бега од доверители

Неговата популарност значела дека со своите книги заработувал брдо пари, но исто така богато и трошел. Откако ги потрошил сите пари на екстравагантниот замок, долговите стигнале за отплата. Во 1851 г. тој навистина морал да избега во Белгија за да им се скрие на тие што го барале. На крајот иако се вратил во Франција, фискалните проблеми го следеле целиот живот.

Неговиот вечен мир е прекинат кога неговите остатоци се пренесени на друго место

Откако починал на 5 декември 1870 г. погребан е недалеку од своите родители надвор од Париз. Некои се прашувале зошто не е погребна покрај другите француски великани како Виктор Иго и Волтер во Пантеон, длабоко почитуван граѓански храм. Изгледа дека навистина расизмот имал и те како врска кога на Дима му ја скратиле таа чест. Но, тоа се променило во 2002, кога Франција одлучила дека е време да му се оддаде почит на Дима и да се погреб во Пантеон. Така на 30 ноември 2002 г. на Александар Дима му е укажана чест со речиси епски погреб чијашто церемонија вклучувала и мажи облечени како мускетари кои го носеле неговиот ковчег во Пантеон.

Неговата последна книга првпат е отпечатена во 21 век, иако тој умрел во 19 век

Ни смртта не го спречила Дима да прекине со печатење романи. Неговиот последен, незавршен роман конечно бил отпечатен во Франција во 2005 г. под назив „The Knight of Sainte-Hermine“. На англиски е преведен под називот „Последниот Витез“ (The Last Cavalier). Дејството на романот е сместено во текот на наполеонските војни и поседува епски замав по кој Дима е познат.

Прочитајте ги неговите најпознати цитати.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје