Детско катче Литература Песни за деца

Пчелка

Пчелка сум јас вредна

ширам крилја во лет,

летам летам весело

за да збирам мед.

Зујам околу тебе,

не сакам да те каснам,

само си полнам кошничка

за голема да пораснам.

Пчелка сум јас вредна,

постојам на оваа Планета

дечиња да знаете

Земјата ни е само една!

Зујам наоколу, весело леткам,

никому во работата не се плеткам,

зујам наоколу, си работам јас,

бидете и вие вредни во секој час!

Пчелка сум јас вредна,

не смеам да бидам жедна,

како мене да бидете и вие,

секој од вас треба многу вода да пие!

Зујам наоколу, летам со песна

зззз мојата е весела, лесна,

зујам наоколу, цвеќиња барам,

зззз животите со мед ви ги шарам.

Автор: Наталија Наумовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје