Skip to content

Повик за вклучувње во три нови адресари за писатели, илустратори и преведувачи

Во продлжение во целост ви ја пренесуваме официјалната објава на Христо Петрески, македонски писател, основач и директор на издавачката куќа “Феникс” и Фондацијата “Македонија презент” – Скопје, за повикот за вклучување во трите нови адресари за писатели, илустратори и преведувачи.

ВКЛУЧЕТЕ СЕ И ВИЕ ВО ТРИТЕ НОВИ АДРЕСАРИ НА ПИСАТЕЛИ, ИЛУСТРАТОРИ И ПРЕВЕДУВАЧИ

Почитувани пријатели,

Електронското списание www.opus.mk подготвува три нови адресари за кои Ве повикува и сите Вас на соработка.
1. Ќе биде објавен Адресар на сите автори кои пишуваат поезија, проза, критика, есеј, драма и слично. Значи кои се писатели и се занимаваат со литературно творештво и книжевност.

Не мора да имаат објавено книга, но уште подобро е ако веќе имаат. За да бидат вклучени во Адресарот на книжевни творци треба да испратат своја портрет фотографија, кратка биографија со насловите на книгите, која година се објавени и кој ги објавил, како и Ваша мејл адреса, телефонски број и поштенска адреса.

2. Ќе биде објавен Адресар на сите кои цртаат и сликаат, односно кои се сликари и илустратори и се занимаваат со ликовна уметност.

Не мора да имале досега изложба, но убаво е ако имаат изложби, каталози и изданија со нивни илустрации, цртежи и слики.

За да бидат вклучени во Адресарот на ликовни творци треба да испратат своја портрет фотографија, кратка биографија со куси податоци за изложбите, каталозите или другите ликовни изданија, која година се одржани и објавени и каде се случило тоа, како и Ваша мејл адреса, телефонски број и поштенска адреса.

3. Ќе биде објавен Адресар на преведувачи, т.е. на сите кои преведуваат од странски јазици на македонски јазик.

Не мора да имаат преведено книга што е веќе објавена, но убаво и добро е ако имаат веќе преведено текстови, брошури и книги кои чекаат да бидат објавени, или се веќе публикувани.

За да бидат вклучени во Адресарот на преведувачи треба да испратат своја портрет фотографија, кратка биографија со авторите и насловите на книгите или другите текстови, прилози и изданија, со куси податоци за нивните автори и наслови, која година се објавени и кој ги објавил, како и Ваша мејл адреса, телефонски број и поштенска адреса.

За сите три адресари: Адресарот на писатели; Адресарот на илустратори и Адресарот на преведувачи, потребно е да ни ги испратите Вашите материјали од 25 јули до 5 септември 2020 година на следниов мејл: [email protected]

Ве поздравуваме и Ви благодариме!

Дополнителна објава:

ПОВИК ЗА ЛИТЕРАТУРНИТЕ КЛУБОВИ ВО РЕПУБЛИКАВА

Електронското списание www.opus.mk покрај трите адресари на писателите, илустраторите и преведувачите, посебен простор ќе отстапи и на сите литературни клубови од Републикава. За таа цел ги повикуваме претседателите на клубовите, или некој од членовите да ни испрати кратки податоци за клубот со имињата на сите членови за да ги објавиме. Исто така, може да се испрати и групна фотографија, а задолжително да се испратат адреса, мејл и телефон.
Податоците треба да ги добиеме од 25 јули до 5 септември 2020 година на следниов наш мејл: [email protected]

 

Напишете коментар