Детско катче Психолошко катче Развојна психологија Родители и деца

Како (не)поврзаноста на родителите и децата влијае на управувањето со емоциите?

Родителите имаат најважна улога во животот на своите деца, во начинот на нивно воспитување, пренесување вредности, но и во регулацијата на емоциите, развојот на менталното здравје и целокупно врз секојдневното функционирање која е најважна во првите неколку години од раѓањето на детето. Улогата има огромно значење и во подоцнежниот период, не само во првите години.
Прочитајте во продолжение какко (не)поврзаноста на родителите и децата влијае на управувањето со емоциите

Пред да почне да зборува, детето со своето однесување ги известува родителите како се чувствува. Кога е фрустрирано ги фрла играчките или плаче и испраќа јасна порака за своето незадоволство. Родителите кои реагираат на овие сигнали, го прегрнуваат, го држат за рака, го галат, зборуваа со него, го поттикнуваат на игра, му го оттргнуваат вниманието (пример: „види зајаче“!) – всушност управуваат со емоциите од детето и ги намалуваат тие негативните. Накратко – го учат на саморегулација.

Во текот на првите години од животот за развојот и регулирање на емоциите, родителските фигури имаат примарна улога, а посебно мајката. Родителите кои со своите деца разговараат за стресните искуства, а ги учат на корисни стратегии за управување со емоциите т.е. адекватни и флексибилни одговори во различни ситуации. Поддршката е важна уште на крајот од првата година бидејќи децата тогаш почнуваат да го разбираат изворот на фрустрација, и на родителите гледаат на некој кој може да ги измени и преобликува негативните емоции во поефикасни одговори. Единствено само се поставува прашање колку реакциите од родителите одговараат на детските очекувања. Голем број истражувања покажале дека депресивните мајки на детските емоции реагираат така што ја рефлектираат и ја пренесуваат сопствената окупираност со тага, самокритика и беспомошност.

Истражувањата велат дека карактеристиките на афективното поврзување со децата може да ја подобри или влоши емоционалната регулација. Како сигурната афективна поврзаност ѝ помага на личноста поуспешно да се носи со негативните емоции, а како различните форми на несигурност ја поткопува ефикасната емоционална регулација, менталното здравје и социјалната прилагоденост?

Според Џон Боулби основна единица за градење на менталното здравје, отпорност и прилагоденост е сигурната афективна поврзаност. Луѓето со овој стил на поврзаност (атачмент) се чувствуваат сакано и се сигурни дека ќе ја добијат поддршката кога тоа им е потребно. Имаат поголем оптимизам кога животот е во прашање, не се склони да ја преувеличуваат опасноста и заканата. Исто така, тие се поспособни да се носат со животните предизвици и успешно ги употребуваат адаптивните стратегии за емоционална регулација како што е повторена процена. Тоа значи дека со заканувачките ситуации успеваат да се изборат така што му придаваат ново, поинакво значење, стекнуваат нови увиди и разбирање. Своите чувства слободно и веродостојно ги изразуваат пред другите.

Оптимизмот на сигурно поврзаните не значи дека ги потиснуваат или порекнуваат негативните емоции. Со тоа, децата со овој стил полесно зборуваат за негативните чувства бидејќи знаат дека родителите ќе ја прифатат нивната перспектива. Се исправаат низ поддршката од родителите, се справуваат со фрустрациите, а подоцна успешно и во нивно отсуство. Емоционалната регулација на сигурно поврзаните деца вклучува отворена, директна, јасна експресија на емоциите наспрема криењето.

Од друга страна, луѓето со избегнувачка поврзаност во стресните ситуации ги потиснуваат емоциите, како и мислите и информациите поврзано со емоциите. На тој начин ја штитат својата личност бидејќи на стравот, анксиозноста, бесот, тагата и вината се гледа како на одлика на чувствителните луѓе што е во спротивност со тоа како сами себе се доживуваат (како силни и супериорни). Се блокираат секакви емоционални реакции поврзани со достапноста на фигурата за атачмент (отфрленост, одделување) бидејќи таквите закани можат да ја активираат непосакуваната потреба за поврзување. Долгорочно, овие стратегии за регулација доведуваат до анксиозни нарушувања, нарушувања во исхраната, антисоцијално однесување бидејќи не се зборува отворено за чувствата. Избегнувачки поврзаните деца ги смалуваат негативните чувства во разговорот со родителите или целосно ги потиснуваат.

 

 

 

Луѓето со преокупиран стил запаѓаат во магичен круг каде што вниманието го насочуваат на негативните информации што доведува до негативни мисли. Со тоа се зголемува анксиозноста и фокусот е ставен на негативните сигнали. Возрасните луѓе со овој стил на поврзување почесто покажуваат емоции, поинтензивно доживуваат, а фрустрацијата ја регулираат со стратегии на хиперактивација која само ја засилуваат. Тука влегуваат обидите да поттикнат поддршка и грижата за партнерот низ солзи, проколнување, контролирано однесување, претставување себеси како беспомошни и како премногу зависни од партнерот кој е избор на заштита и сигурност. Ги преувеличуваат заканувачките аспекти дури и кај безначајните настани.

Користењето на хиперактивација и стратегијата за фокусирање емоции (самокритика, самообвинување, руминација) краткорочно вродува со плод бидејќи се привлекува внимание кон фигурата на поврзување, но може да се засилат негативните чувства како бес, беспомошност и да допринесат до развој на депресија и анксиозно нарушување. За разлика од избегнувачки поврзаните кои негативните емоции ги игнорираат и потиснуваат бидејќи не се во склад со самопроцена, анксиозните всушност негативните емоции ги гледаат како дел од целта, бидејќи знакот на слабост и зависност понекогаш поттикнува грижа и внимание до фигурата на атачмент.

Несигурно поврзаните деца имаат преголем страв и зголемена негативна емоционалност. Овој образец на однесување може да биде добра стратегија за привлекување на недоволното внимание од неконзистентно достапните родители.

Поврзаноста, емоционалната регулација со концептите како афективна поврзаност и понатаму се истражуваат. Во наредните фази сигурно ќе дојде и до формирање на научно засновани терапевтски интервенции кои би биле насочени кон хиперактивација на анксиозно поврзување и кои би го олесниле избегнувачкото дистанцирање од емоциите и блиските луѓе.

Постојат јасни докази дека на управувањето со емоции може да се влијае во периодот од раното детство, при што се потенцира колку е важна улогата на родителите. Треба да се нагласи дека развојот на емоционалната регулација не завршува тогаш, туку продолжува и во текот на периодот на адолесценција и возрасниот период, за коешто засега се знае најмалку.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје