Ја заврте главата. Погледна околу себе иако му се матеше во главата. Голтна. Ги искриви усните поради болката во градите кога се трудеше да земе здив. Ги затвори очите и заофка. Мало шишенце стоеше од левата страна на креветот каде што лежеше. Инфузијата галопираше низ неговите вени. Кога повторно се осмели да ги отвори очите следувашпе соочување со неговата сегашност. Тогаш почувствува силна болка во душата. Дури и посилна од физичката болка која му го кршеше целото тело. Овојпат срцето му се параше. Сите делови заминуваа во неповрат.
Душата му беше повредена и се каеше, тивко плачејќи во себе. Сакаше да го земе телефонот од малата масичка. Да напише некоја порака повеќе, да ги каже зборовите кои никогаш не ги кажа, а очајно посакуваше да ги каже. Гордоста си ја одигра својата улога и се повлече позади завесите. А неговото срце остана расперчено. Неговата желба за љубов се загуби во густите шуми на егоизмот. И сега додека беспомошно лежеше во болничкиот кревет очајно посака да е здрав и да има сила да стане. Да отиде и да ја прегрне. Еве ако ништо друго барем да има сила да ѝ ја напише пораката која толку долго сакаше да ја напише, а гордоста го спречуваше.
Помислата на она што може да биде утре го спречи, та не ја напиша. Што ќе кажат другите луѓе, велеше. И еве што се случи. Тој лежи во болничкот кревет. Очите му натежнаа од солзи. Почнаа една по една да паѓаат по неговите образи, како пороен дожд. Низ неговите усни тивко процеди неколку зборови: ,,Те сакам мила. Навистина те… сакам…”, рече и воздивна. Во неговата глава на повторување беа ставени последните спомени со неа. И токму во тој миг на заминување тој сфати дека сепак требаше да ја напише таа порака. Требаше да собере храброст и да ја прегрне.
Требаше да ги искаже своите чувства. Чекањето понекогаш може да биде кобно, како што се случи со него. Луѓето заминуваат, а оставаат зад себе многу неискажани зборови и неостварени замисли… Нема време. Нема време за чекање. Не гази. Љубовта ја уништува, не остава ниту трага од неа. Луѓето љубовта ја оставаат во чекалната на животот, мислејќи дека саканите ќе бидат засекогаш до нив…
Тој засекогаш замина, но не ѝ кажа колку многу ја посакува. Не ја прегрна и гордоста си погра со него. Кобна тишина.
Викторија Саздовска
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.