Занимливости и информации Литература

Павлина Климкар-Меанџиева – македонска писателка и професор

Павлина Климкар – Меанџиева била родена во Велес на 13-ти Септември 1949 година, а починала исто така во Велес на 3-ти Март 2018 година. Таа била македонска писателка и професор. Учела во педагошка гимназија “Никола Карев” и Филолошки факулетет во Скопје. Работела како средношколски професор во Велес. Била член на ДПМ од 1995 година. Нејзината поетска дејност започнува во училишните денови. Тогаш по пат на конкурс ја добива наградата за патување во Индија по повод роденденот на Нехру. Често пати е наградувана како поет, а неколку пати освојува прво место за најдобра стихозбирка од Здружението на просветните работници на Македонија (за “Метузалем” – 2012 и за “Наспроти ветрот” – 2013). Била добитник на Деветоноемвриска плакета – од општина Велес, како и наградата за животно дело Гемиџии – признание од родниот град Велес во кој живеела и творела.

Во градската библиотека „Гоце Делчев‘‘ во Велес била промовирана тогаш најновата стихозбирка „Метузалем‘‘ на поетесата Павлина Климкар – Меанџиева. Стихозбирката има три поглавја и 46 песни.

„Метузалем“ бил новиот наслов кој во речникот значи човек, прататко, прамајка, во овој случај татковина, прататковина. Таа во стихозбирката се осврнала на значењето на нештата со свое видување, со ново значење, кое носи и нови предизвици.

Во збирката, Павлина пишувала за нашите биднини и небиднини од дамнина, па сè до денес и ги искажала своите верувања, стравови, но пред сè ја искажала својата љубов кон татковината. Авторката настојувала преку симболи и метафори да го искаже својот став за животот, особено за нашиот национален македонски простор. Притоа не се колебала да ги поставува најострите и најболни прашања на своето време.  Ова дело, за Климкар- Меанџиева,  е највредно заради мотивот и заради зрелоста.

Таа исто така е автор на книгите: “Тивнеења” (поезија, 1976), “Неразделности” (поезија, 1978), “Ораница” (поезија, 1983), “Тишина што се слуша” (поезија, 1991), “Кралица на гревот” (поезија, 1991), “Бршлен” (поезија, 1992), “Зол трн непремолк” (поезија, 1992), “Жежок ветер” (поезија, 1993), “Голтач на огнови” (поезија, 1994), “Од дневникот пред изгорување” (поезија, 1995), Кралица на гревот (второ,проширено издание 1996) Македонска вертикала (поезија, 1997), “Уста полна светлина” (поезија, 1997), “Цунами” (поезија, 1999), “Чудна случка” (сликовница, 1999), “Најазмо” (поезија, 2001), “Vasiloanjea – a marrtiiljei” (на влашки јазик, 2002), “Дијадема” (поезија, 2003), “Во меѓувреме” (поезија, 2003), “Ѕвездени патеки” (поезија, 2005), “Школки” (поезија, 2007), “Одблесоци” (поезија, 2009), “Метузалем” (поезија, 2012), “Наспроти ветрот” (поезија, 2013).

Дел од нејзиното творештво е преведено на неколку јазици како: српски, албански и англиски јазик. Како автор е застапена во повеќе антологии. Неколку децении била член на градскиот литературен клуб “Кочо Рацин” од Велес.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје