Skip to content

Емили Бронте – Англиска писателка и поетеса

Емили Џејн Бронте е родена на 30 јули 1818, а починала на 19 декември 1848. Таа била Англиска писателка и поетеса, запаметена по нејзиниот единствен роман, Оркански височини кое денес спаѓа во класичните дела на англиската литература. Пишувала под псевдонимот Елис Бел.

Емили Бронте во многу наврати е опишувана како затворена личност, која немала многу пријатели и била блиска само со нејзиното семејство. Еднаш била касната од бесно куче на кое му понудила вода. Не кажала за тоа на никому и самата го изгорела каснтатото место со маша и никој не знаел се додека, неколку недели покасно, не ја забележале лузната.

Во Кралици на литературата од викторијанското доба (1886), Ева Хоуп го опишува карактерот на Емили како „чудна мешавина од срамежливост и спартанска храброст“ и вели дека таа била премногу срамежлива, но до изненадувачки степен, и физички храбра. Сакала неколку луѓе, но со голема нежност и посветеност и била разбирлива кон неуспесите на другите и умеела да простува. Но била строга кон себе и ни за момент не дозволувала да се оттргне од она што го сметала за своја должнот.

Емили, на дваесет годишна возраст работела како учителка во училиштето Ло Хил во Халифакс. Како резултат на 17-часовното работно време, нејзиното здравје се влошило и во април 1839 година се вратила дома. Таму и останала и го поминувала времето работејќи низ куќата и предавала во неделното училиште. Самата го научила германскиот јазик од книги и свирела на пијано.

Во 1844 година, Емили ги препишала и организирала сите поеми што ги напишала во два нотеса. Критичарот од весникот „The Athenaeum“ го фалел пишувањето на Елис Бел поради неговата музика и моќ.

Таа боледувала од туберкулоза и за жал нејзиното здравје се влошило. Емили одбивала медицинска помош и лекови. Поради тоа, Шарлот, утрото на 19ти декември 1848 напишала дека стравува за сестра ѝ. Секој ден станувала сè послаба. Докторот ѝ испратил лекови, но таа не сакала да ги пие. Таа се молела за Божја помош. Но за жал, Емили не ја надминала болеста и починала. Нејзиното тело почива во црквата Св. Михаил во Хаворт.

Напишете коментар