Браќата Грим биле германски филолози, јазичари и собирачи на германско народно творештво. Една од нивните сказни за деца е ,,Палче”.
Имено, Палче бил најмладиот од седумте деца во едно сиромашното дрводелско семејство. Тој иако бил многу мал, бил многу остроумно дете.
Кога родителите повеќе не биле во можност да ги издржуваат нивните деца, имале намера да се откажат од нив и ги оставиле во шумата. Палче, кога ги слушнал плановите на родителите собрал мали бели камчиња од реката. Кога заминал, тој ги искористил камењата за да го означи патот за дома. Сепак, на вториот круг, наместо камчиња користел трошки од леб, кој ги зачувал за себе, бидејќи не го изел целиот леб. Но заборавил еден мал детал: трошките ќе бидат изедени од птиците, а тој и браќата ќе се изгубат во шумата.
Се случило она од кое најмногу се плашеле. Откако се изгубиле во шумата, Палче се качил на едно големо дрво и во далечина здогледал светлина. Момчињата тргнале кон неа. Кога најпосле стигнале до куќата дознале дека тука живее ограта. Палче, исплашен од волците во шумата решил да го преземат ризикот и да преспијат во куќата.
Ограта дозволила момчиња да преспијат и им дала кревет во собата на ќерките. Но таа не заспала и се подготвувала да ги убие децата додека тие спијат. Палче, знаел дека тоа е можно и веќе однапред испланирал се, па златните круни на ќерките ги заменил со капчињата што ги носеле тој и браќата. Кога станала, ограта ги убила своите ќерки наместо нив, и пак отишла да си легне. Кога се успала и почнала да рчи Палче и браќата веднаш побегнале од куќата.
Другиот ден, кога Ограта се разбудила си ја увидела грешката. Ги обула чизмите за преку седум рида и долини и тргнала по момчиња. Но, додека тие пешачеле, ја здогледале. Палче повторно брзо скроил план и се скриле во близина на една мала пештера. Ограта се изморила, седнала да се одмори блиску до местото каде што се криеле. Палче им кажал на браќата како да се вратат дома, а во меѓувреме, внимателно ѝ ги соблекол чизмите на ограта додека спиела и си ги облекол. Бидејќи чизмите биле магични, му станале точни. Палче ги искористил чизмите за да направи богатство, и се вратил во семејниот дом, каде што засекогаш после тоа, живееле среќно.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.