Животот без пријатели е како пустина без оази,
Само со нив можеш да седнеш и да уживаш во ѕвездите
под ведрото небо и да го почувствуваш животот и секој твој дамар
да чука во срцето твое,
Животот без пријатели е како море без риби
Само со нив квечерина можеш да го начуеш цвркотот на штурецот
Додека реките на животот поминуваат покрај твоите нозе
И течат низ твоите вени,
Животот без пријатели е како град без градини
Само со нив можеш да го намирисаш вистинскиот цвет
Кој те опива во животот
И кој навлегува во твојата душа,
Животот без пријатели е како лице без очи
Само со нив можеш да ги видиш вистинските вредности
За кои вреди да се бориш
Кога се друго заминало во неповрат.