Прочитајте го во продолжение краткиот текст што ни го испрати Габриела Стоимановска.
Се сеќавам како да беше вчера, а поминаа 2 цели години од еден од најтешките денови во мојот живот.
Беше тоа 31 август, 2018 година. Се спакував во еден мал куфер, ја гушнав мајка ми најсилно што можев, а во дворот се исплакав како дожд што лие и се качив во таксито кое ме чекаше. Гледајќи назад ја видов беспомошноста на мајка ми, но и мојата.
Првпат го оставив моето место, мојот дом, пријателите и отидов во еден голем град за исполнување на мојот сон. Бев сама, навистина јас првпат во мојот живот бев сама. Понекогаш животот не ни дава избор, единственото што може да го направиме е да го следиме нашиот пат.