Македонска поезија Поезија

Пијан за

Не умеам да пијам, а сум пијан често

Од љубовта кон сѐ, кон тебе и светот

Чекорам пратејќи ја месечината

Таа пак кутрата, преколнува да застанам

За мигот да си прикажеме како во старите

добри времиња…

Не умеам да пијам, а сум пијан често

Од помислата за тебе, кон тебе кон сето…

Жарот тлее како последен поглед кон сѐ

Како ѕуница пред крајот на денот

Твојте кара очи, твојте червени усни

Кој ли ги љуби сега таму некаде во светот

Не умеам да пијам, а сум пијан често

Пијан од љубов, пијан од сето…

Сетне боемштината го зеде твојто место

ah, Mon vieil amour…

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје