Познатата српска писателка Исидора Бјелица почина денеска на 52-годишна возраст.
Информацијата за смртта ја потврди нејзината сестра. Починала во станот од нејзините родители.
Исидора е родена во 1967 година во Сараево каде што завршила гимназија. Потоа го завршила Факултетот за драмски уметности во Белград (отсек драматургија) и магистрирала на истиот факултет со тезата „Технотрилерот како современ облик на трагедија“. Живееше и работеше во Белград. Сопруг ѝ беше Небојша Пајкиќ со кој има две деца, Лав Григориј Пајкиќ и Вила Евангелина Пајкич.
Писателката е автор на повеќе од 40 книги наменети за различни генерации.
Бјелица со години се бореше со ракот, тоа го пишуваше во нејзините книги и често говореше во јавност.
Неодамна на својот профил на „Фејсбук“ таа напишала: „Не сакав да ве заморувам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку страшни физички и психички маки, што ќе ве замолам да го молите драгиот Христос да прости и веќе да заврши оваа агонија“.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.