Skip to content

Поезија од југословенскиот писател Иво Андриќ

,,Кога мене ми се плачеше” е песна од Иво Андриќ, за која со право можеме да кажеме дека содржи душа во неа:

Кога мене ми се плачеше

Вас никаде ве немаше

Ни збор напишан ни глас изречен

Во тегоба утешен.

Денес кога вие плачете

Мене болно ми се смее

Ако не ми е тажно ни здодевно

Како пред глупава сцена.

Ете, тоа е сѐ

Што луѓето едни на други

Во овој кус живот можат да си дадат:

Потполно недоразбирање.

Напишете коментар