Јован Јовановиќ – Змаj – Дете и пеперутка

Детето:
Пеперутке шарена,
ајде, дојди ваму!
Имам ружа убава,
помирисај само!

Пеперутката:
Јас се плашам, детенце,
од иглата клета –
кога ќе ме прободе:
збогум убав свете!

Детето:
Ти се колнам, злото
на себе го примам –
да избројам сакам
колку нозе имаш.

Пеперутката:
Ќе ти кажам, ама
од, далеку, ете:
Шест ножиња имам,
сега збогум, дете!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?