Жак Превер бил роден на 4 февруари 1900 и починал на 11 април 1977. Жак Превер е истакнат француски поет, претставник на надреализмот и симболизмот. Важи за најпопуларниот стихотворец на сите времиња по Беранже и Иго.
Анархист, одметник и сонувач, Превер во својата хуманистички ангажирана лирика зборува за животот во различните негови аспекти. Своевиден моралист и критичар на општеството, Превер укажува на сѐ уште можните простори за човекова среќа која малограѓаните, клерикалците, милитаристите и политичарите постојано ја загрозуваат. Наречен е и “поетот на Париз”.
Тематскиот круг на неговата поезија е мошне широк: од љубовната среќа и радост, од животните надежи, до очајот, недовербата, болеста, заморот и смртта. Сепак, центарот на сѐ е љубовта, нејзината магија и моќ, нејзината нежност и жестокост, тграгичните или хумористичните страни како и нејзината вечна привлечност.
Ви претставуваме една песна од неговото творештво.
Згаснете jа светлината
Две ластовици огреани од месечината
над еден стар портал
склопчени во своето гнездо
ги движат своите главчиња
и ја наслушнуваат ноќта
А ноќта е сосема јасна
зашто црната месечина на светот
свети од вселената
Тогаш една добричица во бело
и избезумена од очај
клука на вратите од месечината
Згаснете ги вашите светла
зашто двајца заљубени токму сега
се љубат на плоштадот на Победата
згаснете ги вашите светла
зашто може светот да ги види
Јас потамина се шетав
и натрапав токму на нив
таа си ја дотеруваше здолницата
а тој ги затворил очите свои
но тие две очи кај неа
беа како два камења во огнот
Две ластовици огреани од месечината
над еден стар портал
склопчени во своето гнездо
ги движат своите главчиња
и ја наслушуваат ноќта.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.