Детско катче Препораки за читање Проза

Предлог детска книга – Том Соер од Марк Твен

Авантурите на Том Соер се толку многу интересни што кога го читате овој роман не можете а да не го засакате главниот јунак кој влегува во вашето срце и секогаш се сеќавате на него.

Овој авантуристички роман е автобиографско дело на Марк Твен и тој се сеќава на неговите детски лудории и итроштини кои му помагаат да се снајде во секоја ситуација.

Овој роман е подеднакво интересен како и за децата така и за возрасните. Главниот јунак Том кој плени со својата веселост, позитивност и решение за секој нов предизвик.

Уште на самиот почеток  краде пекмез од визбата на тетка Поли со која живее и тетка Поли лута го казнува да ја избои целата ограда на нивниот двор. Но,Том е толку итар што ги убедува своите пријатели дека боењето ограда е забавно и тие ја фарбаат целата ограда наместо него. Со неговите витешки дела сака да импресионира и едно девојче во кое се вљубува Беки Тачер, ќерката на новиот судија во Сент Питерсбург, кој тукушто се доселил во градот.

Живееат во една мала куќарка во едно мало гратче покрај реката Мисисипи  тетка Поли е на тешка задача да го воспита малиот немирко Том и тој да стане одговорна и пристојна личност.

Но, тој наоѓа уште еден пријател Хак Фин со кого се здружуваат и една вечер одат  на градските гробишта сред ноќ. Тие несакајќи го гледаат Инџун Џо, страшниот тип што го бие лош глас во Сент Питерсбург, како извршува брутално убиство, а потоа за тоа го мести малку глувиот, пијан, но невин мајстор за ковчези, Маф Потер.

Што ќе се случи? Дојзнајте повеќе читајќи го овој роман кој нема да го оставиме до последна страница и ќе ве воодушеви без ралика на вашата возраст и вкус..едноставно омилен на сите генерации!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје