Среќа – Чарлс Буковски

Некогаш
бевме млади
на оваа машина…
пиевме
пушевме
куцавме

беше тоа
најубаво
чудесно
време

и сега е
освен што сега
наместо
да се сретнеме
со времето
тоа нас ни доаѓа
во пресрет

правејќи секој збор
да се втисне
во хартија

јасно
брзо
тешко

исполнувајќи го
просторот
којшто се затвора.

Чарлс Буковски
(Septuagenarian Stew: Stories & Poems, 1990)

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?