Психолошко катче Совети

32 нешта кои веднаш треба да престанете да си ги правите себе

Факт е дека не можеме да го вратиме времето и да промениме одредени работи. Можеби не можеме премногу да влијаеме на нештата што ни се случуваат и ќе ни се случат. Но, можеме да го одбереме начинот на кој ние ќе реагираме. Секој ден е нов почеток.
Пред да почнете да го менувате својот живот, треба да дигнете раце од сè што ве задржува и да тргнете напред.

Прочитајте ги во продолжение 32-те совети за нештата што треба да прекинете да ги правите на себеси.

1. Престанете да трошите време на погрешни луѓе

Овој живот е прекраток за времето да го поминувате со оние што ја “цицаат“ вашата среќа. Некои луѓе се зависни од црпење на вашата енергија за тие да се чувствуваат подобро. Ако некој сака да бидете во неговиот живот, ќе ви направи место. Немојте да се трудите околу оние кои константно ја потценуваат вашата вредност. Не заборавајте дека вистинските пријатели се покрај вас и кога се чувствувате најлошо, а не само кога сте во вашето најдобро издание.

2. Не бегајте од проблеми – соочете се со нив

Знаеме дека ова не е лесно. Решавањето на проблеми не е едноставно. Тие прават да чувствуваме нервоза, тага, да бидеме повредени, загрижени. Соочувањето со проблемите, прилагодувањето и решавањето е процес на учење, и тие нè формираат во луѓе какви што сме. Обидете се на секој проблем да гледате како на прилика за учење, созревање и напредок.

3. Не се лажете себе

Дури и ако го лажете целито свет, немојте себе. Нашите живот се менуваат најдобро ако ризикуваме, а прв и најтежок ризик е да бидеме искрени кон себе.

4. Не се ставајте себеси во втор план

Во љубовниот однос најболно е кога индивидуата ќе се изгуби себе бидејќи премногу го сака другиот и така заборава дека и таа е посебна. Помагајте им на другите, но и на себеси. Ако се најдете во ситуација во која би требало да ги следите своите желби и да направите нешто што вас ви е важно, не се двоумете.

5. Немојте да се обидувате да бидете нешто што не сте

Еден од најголемиот предизвик во животот е да бидеме свои во светот кој од нас постојано очекува да бидеме како сите други. Некој секогаш ќе биде поубав од вас, некој попаметен, а некој помлад, но никогаш никој нема да биде вие. Немојте да се менувате само за другите да ве засакаат. Бидете она што сте и вистинските луѓе ќе ве сакаат какви што сте.

6. Не живејте во минатото

Не можете да започнете ново поглавје во животот ако непрекинато го читате претходното.

7. Не се плашете да погрешите

Да се работи и да се греши е барем десет пати попродуктивно отколку да не се прави ништо. Секој успех остава белег од неуспеси зад себе.

8. Не се грижете за старите грешки

Можно е да сакате погрешна личност и да плачете поради лошите нешта од минатото, но сигурно дека тие грешки ви помагаат да најдете луѓе и нешта што се подобри за вас. Што и да ви се случило во животот ве подготвувало за моментот што треба да дојде.

9. Не се обидувајте да купите среќа

Многу нешта кои ги сакаме се скапи. Сè она што навистина ве задоволува всушност е бесплатно. Љубов, насмевка и работа што ја сакате ве прави задоволни и исполнети.

10. Не барајте секогаш среќа во другите

Ао не сте задоволни сами со себе, нема да бидете задоволни ни во односите со другите. Треба да го стабилизирате својот живот пред да го поделите со некого.

11. Не размислувајте премногу – на начин кој ќе направи проблем кој не постои.

Проценете ја ситуацијата и реагирајте одлучувачки. Напредокот бара ризик.

12. Не мислете дека сте неподготвени

Никој не е 100% подготвен кога ќе му се укаже прилика. Поголемиот број сјајни прилики ве тера да излезете од удобната и сигурна зона, па логички е на почеток да не ви е удобно.

13. Не влегувајте повеќе во врска од погрешни причини

Подобро е да се биде сам отколку во лошо друштво. Не брзајте. Ако нешто е “судено“ ќе се случи во вистинско време, со вистинска личност и со најдобра можна причина. Бидете во врска кога сте спремни, а не кога сте осамени.

14. Престанете да ги одбивате новите потенцијални врски бидејќи старите не успеале

Во животот секогаш постои причина зошто некого сте го запознале. Некои ќе ве тестираат, некои ќе ве искористат, а ќе ги има и таквите кои ќе ве научат на нешто. Најважно е дека постојат луѓе кои од вас ќе го извлечат најдоброто.

15. Престанете да се натпреварувате со другите

Не се грижете за тоа што другите го прават подобро од вас. Успехот е борба сами со себе.

16. Не бидете љубоморни на другите

Запрашајте се: „Што имам јас на кое сите други ми завидуваат?“ Од тоа чувството не развивајте гордост, туку самодоверба и благодарност.

17. Не бидете од оние што се јадосуваат и сожалуваат самите

Можеби во одреден миг не разбирате зошто нешто ви се случува, веројатно тоа е тешко. Тогаш потсетете се на проблемите од минатото. Ќе забележите дека тие ве одвеле на подобри места, до подобри луѓе и ситуации. Затоа насмевнете се. Дајте им на сите до знаење дека денеска сте посилни него вчера – и ќе биде така.

18. Престанете да бидете злопамтило 

Не живејте со омраза во срцето. Така ќе се повредите себеси повеќе од тие ги мразите. Простување не е кога ќе кажете: „Тоа што ми го направи е во ред“. Туку кога ќе речете: „Нема да дозволам тоа што ми го направи засекогаш да ми ја уништи својата среќа“.

19. Не спуштајте се на туѓо ниво

Не ги спуштајте своите критериуми за никого.

20. Не губете го времето правдајќи им се на другите

На вашите пријатели не им е тоа потребно, а непријателите секако нема да ви веруваат. Правете го она кое срцето ви вели дека е правилно.

21. Не ги правете нештата секогаш одново без одмор

Кога немате време длабоко да издишете, токму тој е мигот кога тоа треба да го направите. Понекогаш е потребно да се одделиме од она што правиме за нештата да ги видиме појасно.

22. Не ја потценувајте убавината на ситните моменти

Уживајте во малите нешта, бидејќи еден ден кога ќе погледнете назад ќе сфатите дека тие биле големи.

23. Не се обидувајте работите да ги направите совршени

Вистинскиот живот не ги наградува перфекционистите туку оние што го прават она што треба.

24. Не одете по линија на помал отпор

Кога ќе решите да постигнете нешто големо, тоа сигурно не е лесно. Не тргајте по полесниот пат. Направете нешто посебно.

25. Не се однесувајте дека сè е во ред, ако не е

Во ред е накратко да биде така. Не мора секогаш да се правите дека сте јаки и да докажувате дека сè е во ред. Нека не ве загрижува она што другите го мислат. Ако ви се плаче – плачете.

26. Не ги обвинувајте другите за своите грешки

Кога другите ги обвинувате за сопствените грешки – не преземате одговорност, а со самото тоа другите ја преземаат контролата над вашиот живот.

27. Не се обидувајте секогаш на другите да правите да им биде подобро

Ако успеете да насмеете една личност, сè би можело да се промени. Не е потребно да изигрувате кловн за да ве сакаат другите.

28. Не се грижете премногу

Тоа што се грижите не значи дека утрешниот ден ќе биде полесен. За да одлучите дали нештото вреди за вашата грижа, поставете го следното прашање: “Дали ова ќе биде важно после една година? После три години? Пет?“. Ако одговорот е “не“, тогаш не е потребна грижа.

29. Не размислувајте за она што не сакате да се случи

Фокусирајте се на она што сакате да се случи. Ако секое утро се будите мислејќи дека нешто сјајно ќе ви се случи во текот на денот, и добро ѝ обрнете внимание на оваа мисла, ќе забележите дека сте биле во право.

30. Не бидете неблагодарни

Без оглед на тоа колку ви е тешко или пак ви е убаво, секое утро разбудете се благодарни за животот што го имате. Наместо да мислите за нештата што ги немате, сетете се на она што го имате, а на другите толку им недостига.

31. Не се грижете премногу за иднината

Сакале или не, таа доаѓа секој ден незабележливо. Сконцентрирајте се на сегашниот миг. Само врз сегашниот момент имате целосна контрола. Не на вашето минато, ниту на вашата иднина.

32. Не ги сфаќајте работите премногу лично

Дури и да е поврзано со вас, дури и да се пронајдете во нешто, не го сфаќајте ниту премногу лично, ниту пресериозно. Сè додека не влијае врз вашата добросостојба и врз целокупното функционирање.

Прочитајте и кои менатлни замки треба да ги избегнувате.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје