Детско катче Песни за деца

Пеперутка во лет

Летам високо и ширам крилја

шарена сум во секакви бои

доаѓам и во краишта твои.

Летам високо над планини и ридови

но некогаш застанувам, одморам на ѕидови.

Растам малечка, но многу сум брза

за мене не постои никаква мрза.

Земи полет ти златно дете како мене сега

среќата од тебе никогаш нека не бега.

Земи го целото шаренило од крилјата мои

нека бидат весело обоени сите денови твои.

Расти, летај, смеј се и пеј

биди свој најголем херој.

Расти, сакај, почитувај, сонувај,

само никогаш не се откажувај.

Биди ти како пеперутка полетна

во срцето нека ти биде градина цветна.

Љубов подели им на сите,

за топли и весели да ви бидат дните!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје