Рајко Жинзифов е роден како Ксенофонт Ѕинѕифи. Тој е роден во Велес на 15 февруари 1839, а починал на 15 февруари 1877 во Москва. Тој е познат македонски преродбеник од влашко потекло и дводомен писател и поет. Бил сестран деец — публицист, преведувач и собирач на народно творештво.
Ксенофон Ѕинѕиф во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Под негово влијание го променил грчкото име во словенско – Рајко Жинзифов.
Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва, каде се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.
Неговото творештво е многу богато. Го претставуваме во продолжение.
Поеми
Крвава кошула
Стихотворби
Глас
Молитва – препев.
Доба
Гарван
Брату си
Недопејана песња
До б’лгарската мајка
Стихотворение
Близ реката Вардар
Сељанка
После смртта на Н. Огњанов
Европеизмот во Шумен
Белграду
Жалба
Раскази
Прошедба
Ви ја претставуваме и неговата песна, која изобилува со емоции.
Глас
Далеч од баштина, далеч од роднини,
Не в чужда за мене земја,
В полјани кичести, зелени долини,
Самичак в планина шетам ја.
Ја сја расхождам, но на душа ми тешко
И једни мисли мене борат,
И мене стават то студено, то жешко,
И чувства то гаснат, то горат.
Ја искам сенка, ја искам прохлада,
Душевна ја искам тишина,
Че клето ми срце доста вече страда,
И сја нагледа всекаква злина:
Коварство сос бедност, сос гордост лукавство,
Сон мртов, глупава простота,
Љубов на слова, и слога без братство,
И хитрост, л`жлива доброта.
„Безумец, безумец душа ти ленива,-
Ја чух невиден и таен глас –
Спрегни плуг за заборавената нива,
Че блиска ет доба, близок ет час.
Стани, земи остен в р`це, работај
Ти ден и ношт, сос пот,
Истреби трње, исчисти троскот, изорај
Бесплодна нива да дадит плод.
Стани, безумец сос молитва горешта
Ти клетва дај, стори си крст,
Стани ти, иди напред, иди на срешта,
Но бој сја, бој сја, Божји прст“.
– Готов сум, сја к`лнам, да изорам нива.
Кажи кој си ти, невиден глас?
„Чуј! – загрме, глас сја одзива –
Ја сум Божји гнев, народен глас!“
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.