Занимливости и информации Писатели и поети Странски автори

Тадеуш Ружевич – полски поет со богато творештво

Тадеуш Ружевич е роден на 9 октомври 1921, а починал на 24 април 2014 година. Тој бил полски поет, прозаист, драмски писател и сценарист. Ружевич бил скромен човек, кој ги избегнувал големите градови и општественито ангажман, а од 1968 година живеел во Вроцлав. Тој бил член на Полската академија на уметностите и почесен доктор на науки на најзначајните полски универзитети.

Во 1938 година, поради сиромаштијата, бил принуден да го напушти училиштето, а по германската окупација на Полска работел физички работи. Потоа го посетувал тајниот курс по воена обука и една година подоцна, заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така бил поет), ѝ пристапил на партизанската антифашистичка Народна армија. За разлика од Јануш, кој бил погубен од Гестапо, Ружевич ја преживеал војната.

Во 1945 година, тој го завршил курсот наменет за оформување на образованието и започнал да студира историја на уметноста на Јагелонскиот универзитет во Краков.

Неговото творештво е многу богато, каде се опфатени многу творби од областа на поезијата, драмите и останати дела.

Поезија

Рамнина

Сребрениот клас

Насмевки

Гласот на анонимот

Разговори со свештеникот

Отворена поема

Завеси

Собрани песни

Форми

Зелената ружа

Ништо во Просперовата наметка

Лице

Драми

Картотека

Групата Лаокон

На четири нозе

Смрт во стариот декор

Шпагети и меч

Стапица

Белиот брак

Расфрлана картотека

Други дела

Во лажичка вода (сатири, 1946)

Разгледници од Унгарија (репортажи, 1953)

Опадна лисјето од дрвјата (новели, 1955)

Три жени (сценарио, 1956)

Прекинатиот испит (раскази, 1960)

 

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје