Душа, тело, ум Позитивна психологија Психолошко катче

Визуализација – евтина психологија или начин на функционирање на универзумот?

Во последните неколку години се појавија повеќе книги и филмови кои говорат за визуелизација, закон за привлекување, како и за моќта на позитивното размислување. Некои сметаат дека тоа е евтина психологија додека други тврдат дека знаењето на таквите техники и закони им го променила животот.

Дали некогаш ви се случило да размислувате за некоја личност што долго не сте ја виделе, а после тоа случајно истата ја гледате на улица или ќе ви се јави? Вие тој настан сте го привлекле во својот живот, свесно или не.

Што е визуализација?

Таа е техника за употреба на фантазијата за да го создадеме она што го сакаме во животот. Тоа е една природна способност за имагинација со која се служиме секогаш, најчесто несвесно. Она на коешто ќе ги сконцентрирате мислите и чувствата е она што го привлекувате да се случи.

Со редовната визуализација која може да се сфати како молитва или медитација, се фокусираме на она што го сакаме со цел да го привлечеме во својот живот. Ова може да ви помогне во остварување на она што го сакате.

Сè што сме, е резултат од нашето размислување“. – Буда

Како е ова возможно?

Сè се темели на теоријата дека основната состојка на нашиот универзум е енергијата. Физички, ние сме само енергија и сè во нас и околу нас се состои од енергија. Сите ние сме едно, дури и во буквална физичка смисла. Енергијата вибрира во различни фреквенции, но сите облици енергија се во меѓусебен однос и можат да делуваат едни на други.

Енергијата од одреден квалитет кон себе привлекува енергија од сличен квалитет. Со други зборови, мислата која ја задржуваме во себе е енергија која ќе го привлече остварувањето на таа замисла и на материјално ниво.

Закон за привлекување

Законот за привлекување како сите други природни закони дејствува еднакво на сите луѓе. Она за коешто размислувате и што чувствувате секогаш е показател за она што е на пат да се случи. Клучот е во емоциите, тие всушност ја испраќаат енергијата и привлекуваат, а не е само обично посакување и фантазирање.

Вие всушност не го привлекувате она што го сакате туку она што сте, она што го чувствувате. Ако се чувствувате богато (без оглед што не сте) ќе привлечете богатство. Ако се чувствувате лошо, уплашени сте или загрижени, ќе привлекувате ситуации кои ќе сакате да ги избегнете.

Ова не треба да ве загрижува нормално понекогаш е да се чувствуваме лошо. Треба да знаете дека позитивната мисла е посилна од негативната. Колку е силно позитивното размислување покажува и плацебо ефектот.

Какви се вашите мисли, енергија, какви вибрации испраќате?

Погледнете го својот живот и ќе добиете одговор. Ако не сте задоволни со него, или некои негови аспекти, правилната визуализација може да ви помогне тоа да го промените. Само треба да научите да го барате тоа што го сакате, бидејќи Бог, универзумот, изворот или како и да сакате да го дефинирате, секогаш вели ДА!

4 основни чекори за успешна визуализација
1. Поставете цел

Одлучете што вистински посакувате. Може да биде: љубов, работа, куќа, успех, здравје, било што. Важно е да се одберете нешто што ви се чини остварливо, во кое можете да верувате. За почеток земете нешто поедноставно.

2. Создадете јасна слика

Создајте ментална слика од предмети или ситуации баш какви што сакате да бидат. Размислувајте во сегашно време, како сè да е онака како што сакате да биде.

3. Размислувајте често

Посветете ѝ се на својата цел, кога ќе станете, пред спиење, секогаш кога ќе ви падне на памет. Посебно кога се чувствувате добро. Секако дека не треба да ви претставува обврска, или да го форсирате истото. Ако не ви е до тоа, прескокне.

4. Дајте ѝ на целта позитивна енергија со помош на афирмација

Афирмацијата е јака позитивна изјава дека нешто е веќе онака како што сакате да биде. Таа е исклучително значајна за успешна визуализација. Ако си кажете себе: Би сакал да сум богат, само потврдувате дека не сте богати и визуелизацијата нема да биде успешна. Подобра варијанта е: Благодарен сум за богатството што го имам.

Додека тоа го изговарате исклучете го секој сомнеж или неверување. Замислете што за вас претставува богатството. Уверете се дека тоа го имате, дека го заслужувате и бидете благодарни за истото. Афирмацииите изразувајте ги во сегашно време и бирајте ги оние кои ви будат позитивни чувства. Колку се пократки и појасни, толку се поуспешни. Додека ги изговарате имајте на ум дека создавате нешто ново.

3 клучни елементи за успешна визуализација
1. Желба

Мора да поседувате вистинска желба да го имате или да го остварите она кое сте го избрале за предмет на визуализација. Дали тоа е вистински ваша желба или нешто што ви е наметнато од семејството, медиумите, околината? Запрашајте се дали вистински сакате да ја исполните таа цел?

2. Верба

Колку повеќе верувате во одбраната цел, поголеми се шансите да ја исполните.

3. Прифаќање

Мора да бидете волни за да го прифатите она кон кое тежнеете. Понекогаш некои цели се потешки само поради процесот на барање, всушност не сте подготвени да ги постигнете.

Вие се креатор на сопствениот живот

Сè ова не значи дека мора да ги контролирате своите мисли и визуелизацијата да ви стане обврска. Туку треба само да ве поттикне посвесно да ја користите моќта на својата имагинација. Со малку вежба, доколку сакате, визуелизацијата може да стане дел од вашиот секојдневен живот.

Важно е да се напомене дека визуелизацијата не е за секого, процесот на промена на размислувањето може да биде долготраен. Ако ви создава притисок или ви станува напорно, подобро најдете нешто друго за себе. Од друга страна, ако сметате дека сами сте создавачи на својата судбина, дека универзумот е дарежлив, и сè е возможно, тогаш визуелизацијата е нешто што треба да го пробате.

Дали ова е само евтина психологија или начин на функционирање на универзумот? На вас останува да проверите и да заклучите.

Прочитајте и дознајте кои однесувања на интуитивните луѓе другите потешко ги разбираат.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје