Цитати од славниот нобеловец Џон Голсворди

Џон Голсворди  е англиски писател, роден на денешен ден во 1867 година (14 август 1867 – 31 јануари 1933). Избил на површината на книжевниот живот на почетокот на дваесеттиот век, прво со драми, а потоа со романи. Читателската публика ја освоил пишувајќи за животни теми, кои биле блиску до поголемиот број луѓе. Станал популарен не само во Англија, туку и во целиот свет.

Главно и најпознато дело на Голсворди е познатата трилогија на семејството Форсајт („Сага за Форсајтови“, „Модерна комедија“ и „Крај на делото„). Неговиот љубовен роман „Темниот цвет“ станал класика на тој жарн (по правило, книгите од тој жарн критиката слабо ги цени, но затоа читателите со задоволство ги прифаќаат). „Темниот цвет“ е даден во форма на триптих, од три независни љубовни приказни: Пролет, Лето и Есен.

Во 1932 година ја добил Нобеловата награда за литература.

Уживајте во некои од неговите познати цитати:

Љубовта нема старост, нема ограничување  и нема смрт.

Идеализмот се зголемува во директна пропорција со оддалеченоста од  некој проблем.

Ако не размислувате за својата иднина, нема ни да ја имате.

Тој беше трогнат од  помислата дека таму каде што е Убавината, никој не трчаше кон неа без промисла, што, без сомнение, беше причината зошто толку многу луѓе гледаа на неа како на нешто неморално.

Човек од акција кој е  принуден на размислување е несреќен сè додека не може да излезе од таа состојба.

Почетоците и завршетоците на сите човечки потфати се несмасни.

Правдата е машина која, кога еднаш ќе ја добие на сила , почнува да се открива сама по себе.

Очите на човекот сѐ она што тој во суштина е, устата е она што тој станува.

Најголемата трагедија во животот е неможноста да го промените она што веќе сте го направиле.

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?