47 мисли од Аристотел, првиот вистински научник во историјата

Аристотел (384 − 322 пне.) бил филозоф и научник роден во македонскиот град Стагирa, на полуостровот Халкидик, недалеку од денешното село Казанџи Маало. Неговите дела покриваат многу теми меѓу кои: физика, биологија, зоологија, метафизика, логика, етика, естетика, поезија, театар, музика, реторика, лингвистикапиолитика. Тие го претставувааат првиот сеопфатен систем на европската филозофија.

Аристотел го подучувал Александар Велики кој бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција.
Според Енциклопедија Британика, „Аристотел бил првиот вистински научник во историјата… секој научник му е нему должен.” Прочитајте ги неговите мисли во продолжение.

1. „Спознавањето на себеси е почеток на секоја мудрост.“

2. „Не постоел ни еден голем ум кој не бил допрен од малку лудило.“

3. „Образованието на умот без образование на срцето не е никакво образование.“

4. „Надежта е сон на будните.“

5. „Надежта е леб за сиромавиот.“

6. „Среќата зависи од нас самите.“

7. „Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината.“

8. „Ние сме она што непрекинато го правиме.“

9. „Духовноста е дрскост која стекнала образование.“

10. „Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки.“

11. „Извонредноста никогаш не е случајност. Секогаш е резултат на силна намера, искрен напор и паметна изведба. Таа претставува мудар избор помеѓу многу алтернативи – изборот, а не среќата или случајноста, е тоа што треба да ја определи твојата судбина.“

12. „Ако сакаш никој да не те критикува, не вели ништо, не прави ништо, биди никој.“

13. „За да пишуваш добро, изразувај се како обичните луѓе, но мисли како мудрец.“

14. „Не е доволно да се победи во војна; поважно е да се организира мирот.“

15. „Задоволството во работата дава совршеност во делото.“

16. „Го стекнав ова преку философијата…Без некој да ми наредува го правам тоа што другите се обврзани да го прават поради страв од законот.“

17. „Што е пријателството? Една душа којашто населува две тела.“

18. „Да се разгледува некоја мисла без таа да се прифати е одлика на образованиот ум.“

19. „Среќата е значењето и целта на животот и на човечкото постоење.“

20. „Еден пријател вреди за педесет непријатели.“

21. „Тие кои ги учат децата треба да се почитувани повеќе од тие кои ги прават; затоа што вторите само им даваат живот, а првите им ја даваат умешноста да живеат добро.“

22. „Учениот се разликува од неукиот како што живиот се разликува од мртвиот.“

23. „Тој кој ќе ги надмине своите стравови ќе ја достигне вистинската слобода.“

24. „Тие коишто знаат, прават. Тие кои што разбираат, подучуваат.“

25. „Похрабар е тој кој ги победува своите страсти од тој кој ги победува своите непријатели, бидејќи најтешката победа е победата врз себеси.“

26. „Сиромаштијата е родител на револуцијата и на злосторот.“

27. „Возвишениот ум треба да ја цени вистината повеќе отколку што тоа го прават обичните луѓе.“

28. „Невозможно е сè да се докажува.“

29. „Среќата им припаѓа на оние кои се доволни сами на себе.“

30. „Сонцето е ново секој ден.“

31. „Несреќата ги открива пријателите кои не се вистински.“

32. „Расипаните луѓе почитуваат од страв, добрите луѓе од љубов.“

33. „Сите човечки дејствија имаат една или повеќе од овие седум причинители: случајност, природа, порив, навика, разум, страст и желба.“

34. „За нештата кои треба да ги научиме пред да почнеме да ги правиме, учиме правејќи ги.“

35. „Токму за време на нашите најмрачни мигови мора да се сосредоточиме на светлината.“

36. „Една птица не ја прави пролетта, како ни еден убав ден. Така и еден ден исполнет со среќа на ја прави личноста целосно среќна.“

37. „Енергијата на умот е суштината на животот.“

38. „Не секогаш е исто да се биде добар човек и добар граѓанин.“

39. „Тој кој не може да биде добар следбеник не може да биде ни добар водач.“

40. „Човекот по природа е општествено животно; поединецот кој природно е асоцијален или не го забележуваме или е нешто повеќе од човек. Општеството е нешто што му претходи на поединецот. Тој којшто или не може да учествува во зедничкиот живот или е толку самоодржлив што тоа не му е потребно, или е животно или е бог.“

41. „Сите луѓе по природа го сакаат знаењето.“

42. „Единствена стабилна држава е онаа во која сите мажи се еднакви пред законот.“

43. „Колку повеќе знаеш, толку повеќе знаеш колку не знаеш.“

44. „Природата ништо не прави бесцелно.“

45. „Во сите нешта во природата има нешто чудесно.“

46. „Мудрите говорат кога имаат што да кажат. Глупавите зборуваат бидејќи мораат нешто да кажат.“

47. „Сите луѓе треба да го следат тоа што е правилно, а не тоа што е воспоставено како правилно.“

Прочитајте ги и следниве мисли од Артур Шопенхауер.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?