Најубавата срна – Димитра Десановска

На светов постојат многу тајни.

Мистерии.

А најголемата од сите нив е жива.

Сеопфатна е.

Сеприсутна.

Мистерија без која светот не може.

Таа е онаа која оплеменува.

Името ѝ е жена.

Жена-дијамант на постоењето човеково.

Таа е парфем на добрината.

Очи на искреност.

Очи на срна.

Нежноста на жените се крие во секој збор.

Нивните коси кои се разлетани ја даваат свежината на воздухот.

Срцата им се лавовски.

Зборуваат на јазикот на љубовта.

На прстите им спијат нежносите на ѕвездите.

Па оние кои ги заборавија…

Токму тие за да немаат грижа на совест направија нешто.

Им го посветија осмиот ден од третиот месец…

Тишина и приговор имам.

Па станувам гласна.

За некои жени Бог ги создал сите денови во годината.

Скромноста и убавината на нивните срца не е достојна за само еден ден.

За некои жени е непотребен тој ден.

Зашто не е денот дораснат за нив.

Низок е денот за критериумите на нивниот карактер.

Ние ја славиме жената на посебен начин.

Секој ден.

Посебен ли?

Да, ѝ  ја галиме душата со внимание, почит.

Штом таа почувствува – возвраќа.

И така живееме во циклусот на нејзиниот незаборав.

И тој е бескраен и вечен.

Исто како и споменот за нив – за тие жени.

Димитра Десановска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?