Сер Волтер Скот, роден на денешен ден (15 август 1771 – Даблин, 21 септември 1832) е шкотски писател. Тој е заслужен за популаризирање и основање на модерниот роман. Покрај тоа, тој има клучен удел во формирањето на историската литература како жанр и ја стави Шкотска на мапата како туристичка дестинација. Еве пет интересни факти за човекот кој напишал: „О, каква испреплетена мрежа пелетеме кога првпат се спремаме да излажеме!“.
1. Боледувал од полио како дете, поради што не можел да оди на десната нога
Го испратиле да живее на фарма кај неговиот дедо за побрзо да оздрави, и тоа е местото каде што започнала неговата љубов кон легендите и историјата на Шкотска. Во раната младост, исто така имал лошо здравје и бил испратен да живее со својата тетка во Келсо, каде продолжил да ги проучува баладите и фолклорот на Шкотска. Подоцна, тој почнал повторно да оди со десната нога, но куцал до крајот на животот.
2. Како тинејџер, тој се запознал со Роберт Бернс (шкотски поет и лиричар) на забава во домот на Адам Фергусон
Скот подоцна напишал за средбата со Бернс: „Имав само петнаесет години, кога тој дојде за првпат во Единбург, но многу ми се допаѓаше неговата поезија и тогаш би дал се на светот само да го запознаам…“
3. Тој бил одговорен за откривање на изгубениот кралски накит од Шкотска, исто така наречен Шкотска Регалија или Гордоста на Шкотска
Поради неговото големо познавање на шкотската историја, Скот верувал дека знаел каде точно се крие изгубениот кралски накит во замокот Единбург. Принцот – регент , кој подоцна стана крал Џорџ IV, бил обожавател на Скот. Кога Скот го замолил да му биде дозволено да го пребарува замокот, Џорџ IV се согласил. Гордоста на Шкотска, односно, круната, скиптарот и државниот меч, биле пронајдени заклучени во собата каде сега е изложена круната на Шкотска. По нивното повторно пронаоѓање во 1818 година, Регалија е повторно изложена за јавноста во замокот Единбург, каде сè уште може да се види и денес. Сер Валтер Скот доби титула Барон за неговата улога во пронаоѓањето на кралскиот накит.
4. Се додворувал на жена од повисок социјален сталеж
Пред да започне да се додворува на својата сопруга, Шарлот Карпентер, со која се оженил на Бадник во 1797 година, Сер Волтер Скот бил заљубен во Вилијамина Белш. Вилијамина била внука на Ерл и ќерка на богат адвокат. Нејзиниот социјален сталеж бил многу повисок од оној на Скот. Имала само 14 години кога Скот почнал да и се додворува. Сепак, Вилијана се заљубила и се омажила за друг маж. Скот останал со скрешено срце. Вилијамина Белш останува да биде една од најголемите книжевни музеи во историјата бидејќи инспирирала ликови како Кетрин Сејтон, Дајана Вернан, Лилиас Реџантлет и Луси Ештон.
5. На крајот од животот доживеал финансиска пропаст
Банкарската криза во Велика Британија ја уништи издавачката компанија John Ballantyne & Co. Скот бил нејзин единствен финансиски поддржувач, и станал одговорен за 130.000 фунти од долговите на компанијата. Сепак, одбил да прогласи банкрот. Покрај тоа што имал многу обожаватели, меѓу кои и кралот Џорџ IV, тој одбил финансиска помош. Неговиот план бил да се отплатат долговите. Планот бил успешен, но тој не доживеал да го види тоа. Набргу по неговата смрт, долговите му биле исплатени со продажба на неговите романи.
Прочитајте ги и овие факти за животот на големиот поет лауреат Џон Драјден.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.