Литература Македонска поезија Поезија

Не ме прашувајте

Не ме прашувајте зошто ми прелета месецот без на неа да се присетам,

Зошто годините не ги прашувам дали се сеќаваат на неа

Зошто прелетуваат мислите без да стигнат до нејзините трепки

Зошто, ох зошто не ги прашувам ластовиците дали го виделе нејзиниот дом

Кога прелетувале на југ?

Не ме прашувајте каде се нејзините коси

Каде се нејзините прстени кои ѕунат на дождовните капки на заборавот,

Не ме прашувајте каде се нејзните очи,

Каде се нејзините бисери кои се прелеваат на сјајот од очите ѝ,

Не ме прашувајте каде се моите спомени,

Каде се сликите на заборавените времиња од сплотената љубов

Каде ли, каде ли се распарените срца кои никогаш нема да се сплотат?

Не ме прашувајте каде се нејзините разлеани фустани

Каде се нејзините изгубени пантолони, расечени фармерки и откопчани сандали,

Знам,

Отишле во понорот на океанот на сеќавањата

Лебдат во воздухот и чекаат

Да ги фатам

И да ме облеат со светлина

И да одлетам на југ заедно со ластовиците

Да го посетам твојот непрежален дом.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје