Проза

Прегрни ја својата илузија

,,Животот е доста суров. Нема да нè гледа нас драги. Мораме да го правиме она што го сакаме. Мораме да живееме како шtо сакаме, зарем не разбираш? Мораме да се бориме зa она што го сакаме”.

,,Но што че правиш ако тоа не е пишано во тефтерите на твојата судбина?” праша и зема една голтка од пивото.

Од кровот на зградата се гледаше целиот парк.

Глава да подигнеш и ќе помислиш дека можеш да ги дофатиш ѕвездите. Погледна кон небото. Се восхити и потоа погледна во нејзините очи полни со сјај.

Не му се веруваше дека една прекрасна ѕвезда е во неговите прегратки.

,,Тогаш ќе го избришам напишаното и ќе напишам нешто ново. Ќе дадам сè од себе за да се смени тоа. Бидејќи јас само тебе те сакам. Јас не се плашам од оваа љубов. Нека ме уништи”, рече таа и замолче.

,,Вреди ли?” ја праша тој. ,,Дали вреди да оставиш сè што познаваш? Да заборавиш сè што знаеш и да се впуштиш со целата душа во нешто што ти е тотално непознато?” Зема една готлка од пијалакот. Разочарувањето и љубопитноста му го красеа погледот.

Се насмевна: ,,Секако дека вреди драги. Знаеш дека без размислување би се впуштила во нешто непознато, не само со целата душа, туку и со целото срце. Знаеш дека ризикувам. Занеш дека на пропастот му поледнувам во очи и му се насмевнувам. Понекогаш ставам големи влогови од емоции, знаеш дека…. знаеш дека смртно се плашам, но сепак одам напред”, рече и воздивна.

,,Дај ми барем еден пример зошто вреди тоа да го направиш во овој суров свет”, рече и зема дим од цигарата.

,,Ти”, решително рече таа и го впери погледот во него. ,,Ти”, повтори таа. ,,Ти си доволен пример. Сè би оставила за тебе. Сè што знам би заборавила и би се впуштила во оваа забранета љубов. Ти си доволна причина. Се што те сочинува тебе како човек го сакам, разбираш? Многу страсно го сакам. Ти, ти си мојата единствена причина за да оставам сè зад мене”, рече таа и силно го прегрна.

,,Ох, Боже” прошепоти тој. ,,Со што ли ја заслужив оваа љубов”, додаде и уште посилно ја прегрна.

Не му се веруваше дека една девојка може за толку краток период безизлезно да се вљуби во него и да е подготвена да се впушти во состојба на амнезија само за да биде со него.

Тој не веруваше во вакви работи. За него тоа беше само една илузија, бајка, но таа сега беше во неговата прегратка.

Тоа му беше доволен доказ дека животот нема правила и дека еден ден сите ние ги прегрнуваме нашите илузии.

Автор: Викторија Саздовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје