Skip to content

15 мисли од безвременскиот Иво Андриќ

Иван „Иво“ Андриќ роден е во Травник на 9 октомври 1892, а починал во Белград на 13 март 1975 година. Тој  е бивш југословенски новелист, писател. Исто така Иво Андриќ е добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Неговите теми најчесто биле на теми поврзани со неговата родена Босна за време на отоманското владеење. Познат е по богатото творештво многуте мисли кои ги оставил позади себе кои пред сè имаат длабоко значење за животот од секој аспект. Прочитајте ги во продолжение неговите цитати.

1. ,,Кој прави добро, уште повеќе добро се очекува од него.”

2. ,,Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно простува и заборава.”

3. ,,Мирот и спокојството се единственото добро и најголемо достоинство на скромните луѓе.”

4. ,,Младоста е среќно добра во кое човекот почнува да верува во себе, а сѐ уште не престанал да верува во другите.”

5. ,,Од своето потекло и од своето детство не може да се побегне.”

6 ,,Раната која се крие, многу бавно и тешко зараснува.”

7. „Ништо повеќе не ги зближува луѓето, од среќно преживеана несреќа.“

8. „Доблестите на еден човек ги прифаќаме и цениме во целост само доколку ни се прикажат во облик што одговара на нашите сфаќања и интереси.“

9. „Најголема будала не е оној кој не знае да чита, туку оној кој мисли дека сѐ што ќе прочита е вистина.“

10. „Дрскоста и упорноста се брат и сестра. Дрските и упорни луѓе никогаш не можат да ги поправат нивните мани и слабости, бидејќи никогаш не ги чувствуваат последиците од нивните мани на себе, не ни забележуваат дека ги имаат. Треба да се бега од таквите луѓе што подалеку.“

11. „Што вреди тоа да се има многу и да се биде нешто кога човек не може да се ослободи од стравот од сиромаштијата, ниту од простотилакот во мислите, ниту од грубоста во зборовите, ниту од несигурноста во постапките, кога горчливата, неизбежна и невидлива беда го следи човекот во секој чекор, а поубавиот, подобриот и помирниот живот исчезнува како лажливо привидение.“

12. Луѓето се зли, подли и сурови од страв, но од страв можат да бидат и дарежливи, па дури и добри.“

13. „Човекот за да не застане и за да не се обесхрабри, се лаже самиот себеси, ги затрупува недовршените задачи со нови, што исто така нема да ги доврши, и во новите подвизи со нови напори бара нови сили и поголема храброст. Така човек се краде самиот себеси и со текот на времето си станува сѐ поголем должник сам на себе, но и на сѐ друго во негова околина.“

14. „Животот ни го враќа она што им го даваме на другите.“

15. „Животната сила на еден човек се мери, покрај другото и според неговата способност да заборави.“

Напишете коментар