Одбоен бој на светулките
ме демне
Врисок од потокот тежнее
да ме сомеле
Во вртлогот од илузии при него,
над него
Стојам инаетливо и се пулам
во другиот
Јас, кој подава рака невидлива,
Плива духот неразбирлив
по текот
Векот дур биднува уточиште
на желбите
Галабево акробатни маневрираат
Со универзумот хармоничен
и духот
Отпливан во блискоста на
сознанието
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.