Skip to content

Песна – Снежана Петрова – Џамбазова

Снежана Петрова – Џамбазова е родена во Велес. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на групата за македонски јазик и книжевност и јужнословенски книжевности. Од 1998 година работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “ во Скопје. Досега ги објавила поестките збирки „Направете место“, „Постела за сонот“ и „Другарска азбука“ (песни за деца).

Песната која ја споделуваме е дел од збирката „Постела за сонот . Уживајте во читањето!

Песна

Јас не барам Ное да сум
смртта в одмин да ме скраи,
зошто чист ко Јов и не сум,
но ни валкан колку Каин.

Човекувам – грев ли правам,
жигот веќе ми е втиснат,
в клетва – камен плеќи крепат,
дамна мојот глас е писнат.

И во мене безброј црви
прават длапки, апат, ринат,
но разлика сепак има –
го чувствувам делот скинат.

Па, многу ли е ако барам,
(штом средник сум, ете, некој)
од злосторник раздел само
да имам бар еден чекор?!

Напишете коментар