Нора Робертс е еден од најпознатите автори ширум светот и нејзините книги често се на листите на најпродавани, како оние на магазинот „The New York Times“. Ја носи титулата за една од најпродаваните американски писатели.
Во една пригода таа има изјавено: „Вие ќе бидете невработени ако навистина мислите дека треба само да седите и да чекате музата да слета на вашето рамо“. Кога пишува таа се концентрира само на еден роман и работи по осум часа на ден, секој ден, дури и кога е на одмор.
Внимателно прави детален план пред да почне со пишување, смислува клучен настан, ликови и околина. Потоа создава краток опис на базичните елементи на приказната па дури потоа го пишува романот и следните настани. После тоа го препрочитува напишаното неколкупати пред да ја испрати копијата на преглед кај нејзината агентка.
Прочитајте ги во продолжение нејзините цитати што се наоѓаат меѓу страниците од романите што ги напишала.
„Ние сами ја правиме судбината со секој потег, со секој избор.“
„Некои работи во животот се надвор од ваша контрола. Можете да направите забава или трагедија од тоа.“
„Љубовта и магијата имаат многу заеднички нешта. Тие ја збогатуваат душата, го восхитуваат срцето. И за двете треба добар тренинг.“
„Имам потреба да пишувам за да бидам среќна.“
„Скршените срца закрепнуваат. Можеби пукнатините се секогаш таму, како мали лузни, но тие зацелуваат. Луѓето живеат и работат, се смеат и јадат, шетаат и зборуваат со тие пукнатини. За голем број дури и лузните комплетно избледуваат и тие повторно сакаат.“
„Можеш да поправиш сѐ, освен празна страница.“
„Кога ќе пронајдеш личност што ја сакаш, целосно, и таа те сака тебе – дури и со сите слабости, маани, сѐ си доаѓа на место. И ако можеш да зборуваш со неа, а таа те слуша, те смее и те тера да размислуваш, прави да посакуваш, прави да гледаш кој си всушност и кој си најдобриот ти, што те прави подобра личност, ќе бидеш луд ако не сакаш да го поминеш остатокот од животот со неа.“
„Не се чувствувам обврзана во моето читање. Читам за да се забавувам и релаксирам и за да одам во друг свет, но не затоа што тоа е добро за мене.“
„Ако не тргнеш по тоа што го сакаш, никогаш нема да го имаш. Ако не прашаш, одговорот е секогаш „не“. Ако не направиш чекор напред, секогаш ќе бидеш на истото место.“
„Кога растеме го губиме талентот да сакаме без ограничувања.“
„Чувствувањето премногу е многу подобро отколку нечувствувањето ништо.“
„Не клоцам маж кога тој е долу, освен ако јас не сум онаа што го ставила таму. Не го спуштам долу освен ако не заслужил. И не го прекршувам мојот збор ако го дадам. Затоа ти давам збор.“
„Прати ме во пеколот или однеси ме во рајот, но за Божја милост, направи го тоа сега…“
„Биди свој. Држи се до тоа, до твоето срце. Трпение. Види што ќе се случи ако се вратиш малку наназад наместо да скокнеш напред.“
Прочитајте ги и следниве мисли од Џ.К.Роулинг која е најпозната по измислувањето на приказната за Хари Потер.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.