Пауло Коелјо (роден на 24 август 1947 година) е бразилски писател на лирика и романи. Тој инспирирал многу луѓе со неговите моќни цитати кои во тешките моменти ве воздигнуваат и ви даваат сила да продолжите понатаму.
Сигурно дека веќе сте прочитале некои негови цитати, но никогаш не е доста од неговите мудрости кои се надеваме дека ќе допрат до вашето срце. Прочитајте ги во продолжение!
„Животот е за искусување на нештата, не ја барајте смислата за живеење, така ќе го потрошите животот залудно“.
„Понекогаш мора да поминете многу долг пат за да го пронајдете она што е блиску“.
„Можам да одлучам да бидам жртва или авантурист. Тоа е изборот кој морам да го направам во животот“.
„Мора да ризикуваме. Ќе го разбереме чудото на животот целосно кога ќе дозволиме да се случи неочекуваното“.
„Оние коишто љубат очекувајќи нешто за возврат, само си го губат времето“.
„Љубовта е сила која ја менува и подобрува душата на светот“.
„Можеби Бог ја создал пустината за да можат луѓето да им се насмевнуваат на урмините палми“.
„Некои нешта во животот едноставно мора да се искусат и никогаш да не се објаснат. Љубовта е едно од тие нешта“.
„Во љубовта, никој никого не губи, зашто никој никого не поседува. Тоа е поимот за слобода. Да ја имате најважната работа на светот, но да не ја поседувате“.
„Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените“.
„На крајот, најинтересните луѓе секогаш си заминуваат“.
„Мојата цел во животот е да ја разберам љубовта“.
„Јас сум како и сите други луѓе. На светот гледам онака како што сакам нештата да течат, а не онака како што навистина течат“.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.