Skip to content

Митот за Пигмалион

Пигмалион

Пигмалион бил крал на Кипар, познат по тоа што го мрази целиот женски род. Покрај тоа, тој бил надарен уметник. Извајал женска статуа од слонова коска, која била поубава од секоја смртна жена. Toj се заљубил во своето ремек дело.  Започнал  да ја гушка и бакнува статуата, да и подарува цвеќиња, фустани и слични подароци што се подаруваат на (живи) девојки.

Неговата љубов станувала поголема и пострасна секој ден. Еден ден, пред олтарот на Афродита, тој се молел на божицата на љубовта да го обедини на некој начин со фигурата на убава девојка. Кога повторно ја прегрнал и ја бакнал скулптурата кога се вратил дома, таа оживеала во неговите раце. Пигмалион подоцна се оженил со својата статуа.

Ефект на Пигмалион

Денес, терминот ефект на Пигмалион се користи во психологијата, односно за предрасудите кои ги има наставникот за своите ученици кои на крајот се реализираат. На пример, докажано е дека учениците кои се фалени од наставниците постигнуваат подобри резултати во училиште во споредба со другите.

Прочитајте го и митот за Ахил.

Напишете коментар