Skip to content

Драмата „Пигмалион“ од Бернард Шо како предлог книга за денес

Дали сакате да слушнете како звучи кокни? Кокни е дијалект кој се зборува во Лондон, особено кај работничката класа. Шо го користи во својата драма за ја прикажи нееднаквоста во британското општество кое е толку поделено што и зборовите не се исти.

Инспириран од митот за Пигмалион кој се оженил за својата статуа, Шо го креирал ликот на Хенри Хигинс, професор по фонетика. Хенри не создава статуа, но создава нова личност,која од обична цвеќарка станува грофица за само неколку месеци!

Дали можеби се разгорува љубов меѓу нив? Дали е можна љубовта меѓу двајца од две различни класи? Дали може цвеќарка да стане отмена госпоѓица? Дали може некого да третираме како обичен фонетски проект кој може да биде успешен или не? Дали секоја личност има свое достоинство и треба да се почитува без разлика на која класа припаѓа?

Ако сакате да дознаете повеќе за британското општество, да се насмеете на одличниот британски хумор, прочитајте ја оваа безвременска драма од Шо!

Секако можете и да погледнете некоја од многуте екранизации од кои најпозната е онаа од 1964 год. После читањето на драмата погледнете го филмот My Fair Lady со Одри Хепберн во главната улога!

Напишете коментар