Коста Абраш (Абрашевиќ) кој бил роден на 29 мај 1879 година во Охрид, бил македонски пролетерски поет. Автор е на само една постхумно објавена книга социјална лирика „Песни“, а се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.
Абрашевиќ е роден во трговско семејство во Охрид. Своето школување го започнал во Охрид. Откако се преселил со неговото семејство во Шабац, го продолжил своето образованието таму. Мошне млад почнал да пишува песни, љубовни и патриотски.
Во 1894 година се запознал со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот. За жал, неговиот живот прерано згаснува на само 19 години, од туберкулоза. Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“. Тој се смета за предвесник на новиот литературен правец кој е наречен социјална литература.
Творештво
Мотивите во неговите песни се социјалната неправда, но и непомирливоста со неа, односно револуционерниот бунт.
Во песната „Црвена“ многу јасно и гласно го искажува својот гнев и гневот на сите обесправени, кој постепено прераснува во бунт, револт, омраза и желба за одмазда, и тоа „црвена“ одмазда! Пораката на поетот во оваа песна е дека само преку решителна борба може да се дојде слобода – и социјална и национална.
Црвена
Црвена е крвта што врие и тече,
црвена е молњата облаци што сече,
црвено е небото в зори што се смее,
црвено е знамето гордо што се вее;
и гневот е црвен на стари и млади.
О, тирани, чујте – денот веќе иде –
и нашата одмазда – црвена ќе биде.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.