Со песната можеме да патуваме каде и да посакаме! Да патуваме и денес некаде со детската песничка на Стојан Тарапуза!
Со оваа песна
Со оваа песна сегде се патува,
во неа лавот со ѕвезда се ракува!
Срната крај поток планински што спие
раскажува како ветрецот се мие.
Од најголем камен изутрина прво
излегува птица, израснува дрво!
Тревките го молат месечко да слезе,
со него во сонот детето да влезе.
Од небото шеќер со раце се зема,
куќите се движат, тагата ја нема.
Во реките млеко место вода тече,
на сончеви дланки и лебот се пече…
Со оваа песна сегде се патува,
сегде се стигнува, сегде се свратува!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.