Смела флота – Ванчо Полазаревски

За денес одлучивме да го споделиме овој краток расказ за деца. Извадок е од збирката „Ден и ноќ“ од писателот Ванчо Полазаревски.

Смела флота

Зошто сонцето секојдневно се раѓа? За да може детето да си игра со хартиена лаѓа.
И така, едно лето, седум бротчиња тргнаа на пат околу светот.

– Капетане храбар, колку ќе патува оваа флота смела?

– О, ќе патуваат долго… ги чекаат јуначки дела. Ќе патуваат… па, колку што ќе им текне. Поточно – дури водата во цревото не секне.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели