Имам во моево срце – Теофил Готје

Денес споделуваме стихови од Теофил Готје којшто бил роден на денешн ден.
Прочитајте ги во продолжение.

Имам во моево срце

Имам во моево срце, од кое секое едро запловува,

Две клупи од слонова коска, една кристална маса,

Каде се седнати, секој држејќи ја својата карта,

Твојата лажна и мојата верна љубов,

Го чувам во срцево, во срцево мое проѕирно

Твоето име драга затворено во кутија златна

Земи го клучот, зошто не смее рака несветовна

Ниту еднаш да го отвори, ниту да го преотвори.

Пребарај го срцево, ова срце што го презираш

А во кое тебе само те чувам

И ќе видиш, љубов моја, дека владееш

Со земја каде ниту еден човек не е крал!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!