Психолошко катче Совети

3 нешта кои можат да се прават бесплатно, а ги намалуваат грижите и стресот

Имунитетот слабее од преголема напнатост и стрес, а организмот станува подложен на болести. Претераната грижа остава последици на менталното и физичкото здравје.

Може да предизвика стрес, депресија, умор и лоша здравствена состојба.

Дали знаевте дека претераната грижа може да го зголеми бројот на срцеви отчукувања, да го отежни дишењето и да предизвика бледило на лицето?

Крвта се повлекува од површина и оди во мускулите, за да се подготви за нова грижа – тензија која може да предизвика болки, главоболки, слабост во нозете, а се јавуваат и дијареа или затвор. Кога грижата ќе стане хронична човекот станува подложен на инфекции.

Големото ниво на анксиозност и стрес го слабее имунолошкиот состав, што води до чести настинки и други сериозни проблеми. Сепак постојат добри вести, мозокот условно може да се “истренира“ за да прекине да се грижи.

Следниве 3 нешта може да ви помогнат да го спасите здравјето и да ја сочувате психата од претерана грижа.

1 Водење дневник/запишување на вашите грижи

Најдобар начин за убав преглед на сопствените грижи е ако ги запишете на лист хартија. Тоа ќе ви помогне да ги отфрлите сомнежите или да ги сфатите како конкретен проблем, а потоа можете да пронајдете решение. Со запишување на вашите мисли кои ве загрижуваат вие ќе имате увид и ќе го следите вашиот напредок.

2. Медитирање

Позната е способноста дека со медитација телото и духот можат да се лекуваат.

Многу истражувања утврдиле дека таа ја подобрува менталната стабилност. Кога ќе се чувствувате напнато, одвојте неколку минути за себе и медитирајте. Потребни ви се најмногу две минути за да ги исчистите мислите. Бројни се придобивките од редовно медитирање.

3. Вежбање

Уште еден начин да го натерате мозок да престане да се грижи е со исфрлање на стресот вежбајќи Може да биде тешко на почетокот, но редовното вежбање ќе ви помогне да ја вратите контролата над својот живот.

Познати се бенефитите од редовното вежбање, за нивната ефикасност врз целото тело и ум. Со физичка активност ќе се решите од стресот и ќе го зајакнете психичкото и физичкото здравје.

Прочитајте и како стресот влијае на здравјето и продуктивноста.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје