Литература Проза

Постои ли заборав?

,,Дали ако трчам доволно брзо ќе побегнам од сеќавањата кои со полна пареа јурат по мене? Дали ако моиве нозе ме однесат преку океанот ќе заборавам? Дали би можела да достигнам едно ниво на слобода, едно чувство на леснотија, ако истрчам доволно брзо? Ако бидам упорна, ќе можам ли конечно да го пронајдам клучот од тој емоционален кафез?” ме праша. Нејзиното срце се стегаше од болка. Во очите ѝ натежнуваа солзи, како снегот што во зима натежнува на гранките на кревките дрвја.

,,Не бегај. Соочи се. Мораш да се соочиш со она што те плаши. Само на тој начин ќе ја загуби моќта. Најди го клучот и веднаш отклучи го емоционалниот кафез. Побрзај. Соочи се, за да се спасиш. Зарем се сомневаш во себе? Немој да бегаш драга, бидејќи тоа го носиш во себе. А од себе не можеш да избегаш, ме разбираш? Немој тоа што те повредува да го закопаш во земјата на молкот. Не му го ставај превезот на добрината. Плукни го. Биди храбра, спротистави се, кажи дека имаш свое јас, дека не си нивна марионета. Кажи го своето мислење без колебање, во спротивно она што ќе го премолчиш може да те уништи. Докажи дека можеш да се издигнеш. И потоа премини ги тие океани за кои зборуваш. Јас ќе бидам точно таму. Да ти честитам за победата, за слободата”, рече и ја прегрна.

Но како човек да остане на она место кое го потсетува на кршење на душата? Како д аостане на местото на кое пред одредено време бил сведок на убиството на неговата љубов и надеж?

Тогаш еве бегство.

Човекот бега од емоциите и сеќавањата. Бега од сликите кои останале во него, а срцето му го параат. Бега од болката. Но и емоциите и сеќавањата и болката ги носи во себе.

Тогаш какво фајде има да се бега кога тоа го носиш во себе.

За некои работи едноставно нема лек.

Како на пример за болните спомени од минатото.

Автор: Викторија Саздовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје