Денес споделуваме стихови со наслов „Ново правило“ од Руми. Извадок од „Два света. Во превод од Тихомир Јанчовски.
Старо правило е дека пијаниците
Мораат да дигаат џева и да бидат кавгаџии.
И љубовникот не е ништо поарен.
Тој пропаѓа во јама. Но долу во јамата
наоѓа нешто блескаво, повредно
од било какви пари или моќ.
Сношти Месечината дојде
и си ја расфрла облеката по улицата.
Го сфатив тоа како знак да запеам,
паѓајќи угоре, во небесната чинија.
Чинијата се скрши. Сè паѓа насекаде.
Нема што друго да се прави.
Ова е новото правило:
Скрши ја чашата за вино,
и падни во издивот
На дувачот на стакло.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.