Skip to content

Неколку интересни факти за легендарниот Хомер

Хомер, антички грчки поет кој ги напишал Илијада и Одисеја, е роден приближно во 8 или 9 век пр.н.е. Тој бил син  на Епикаста и Телемах, ликови од Одисеја, и се верува дека бил раскажувач и дворски пејач. Иако постојат различни мислења за тоа кога живеел Хомер, тој се смета за прв и најголем епски поет и автор на првата позната литература во Европа.

1. Живеел во Јонија

Се верува дека Хомер живеел во Јонија – регион во Мала Азија, во Смирна, врз основа на неговиот дијалект. Но други сугерираат дека живеел на островот Хиј. Исто така се верува дека Хомер бил слеп, но доказ за тоа не постои. Еповите на Хомер „Илијада“ и „Одисеја“ се напишани за време на Тројанската војна, и се од огромно значење за  грчката култура.

2. Епот Илијада ја раскажува приказната за Тројанската војна

Вклучувајќи ја и битката за Троја. Во грчката митологија битката за Троја е еден од најважните историски настани.

3. Илијада ја раскажува приказната за Ахил и неговиот гнев против кралот Агамемнон

Агамемнон бил водач на Грците. Главни личности се Хектор, Зевс, Елена Тројанска и Енеја. Приказната ја истакнува храброста на Ахил и ја велича  војната.

4. Одисеја е продолжение на Илијада

Во ова дело Одисеј се враќа дома после неговата победа над Троја. Во оваа приказна Одисеј успева да избега од Калипсо, се бори со Киклопи, го преживува Адот и добива  други битки  пред да се врати дома кај сопругата Пенелопа.

5. Се вели дека Одисеја на Хомер инспирирала многу други високо ценети дела од литературата

Вклучително и Пеколот  (Данте Алигиери), Дон Кихот  (Мигел де Сервантес), Срцето на темнината (Џозеф Конрад), Прекрасниот волшебник од Оз ( Л. Франк Баум), и Улис ( Џејмс  Џојс).

6. Во делото на Платон „Република“, Хомер е претставен како главен предводник на грчката култура
7. Во делото „Поетика“ Аристотел го смета Хомер за уникатен поет

Го споредува со поетите од неговото време и смета дека е единствен со тоа што се фокусирал на само една единствена тема.

8. Неговото творештво е напишано во форма на говори

Околу 50% од целото творештво на Хомер е напишано во  форма на говори

9. Нему му се препишуваат и  Хомерските химни

Некои од овие песни се  сочинети од само неколку стихови а некои од стотици и се напишани со ист дијалект како Илијада и Одисеја. Негови други дела се поеми за Тројанската војна, како Мала Илијада, Ностои, Киприја и Епигони, како и тебанските поеми за Едип и неговите синови.

10. Научните студии кои се напишани  за Хомер и неговото творештво се едни од најстарите

Тие датираат од пред стотици векови.

11. Во времето на Хомер, поезијата се рецитирала на глас, не се запишувала

Се верува дека еповите на Хомер биле напишани  многу брзо после измислувањето на азбуката.

12. Постои статуа на Хомер во Минхен, Германија 

Таа се наоѓа пред Баварската државна библиотека.

13. Во Британскиот музеј има мермерен релјеф создаден од Архелај од Приена, за кој се верува дека е од 3 век п.н.е., наречен „Апотеоза на Хомер

Пронајден е во Италија, но се верува дека бил извајан во Египет.

14. Се верува дека Хомер починал на островот Иос

Меѓутоа годината не е позната, како што не е познат ниту неговиот точен датум на раѓање.

Прочитајте ги и следниве факти за Хорхе Луис Борхес.

Напишете коментар