Занимливости и информации Препораки за читање

Како предлог книга за оваа седмица ја препорачуваме „Севдалинка“ од Ајше Кулин

Ајше Кулин е турска писателка и новинарка.

Со пишување на романи и биографски дела таа станала една од најчитаните писателки и има добиено многу награди. Поради едноставноста и течноста на стилот која ја поседува, Кулин има добиени големи пофалби поради што нејзините приказни и книги се снимани и пренесени на малите екрани.

Таа дипломирала на Американскиот колеџ за девојки на одделот на литература и книжевност. Работела како уредник и новинар на разни весници и списанија. Многу години работела како продуцент во сцени на телевизија, рекламирање и филмови, уметнички директор и како сценарист.

Едно од нејзинуте извондредни дека е токму “Севдалинка”.

Кратка содржина на книгата

Тоа е приказна за пресметката со животот на една жена новинар во еден од најтешките светски геноциди во Босна.

,,Кој знае, можеби беа од иста раса, можеби имаа исто потекло. Беа на иста возраст и имаа различен стас. Ја сакаа истата жена. Нивните предци сакаа да стасаат до истиот господ, но од различни патеки, бидејќи едниот беше Бошњак а другиот Хрват. “

Утрешнината беа куршуми, минофрлачи и бомби, со тоа се согласуваа. Но и двајцата беа во очекување на подобри денови, без да бидат свесни за тоа. Луѓето со различни верувања и различни амбиции можеа бесконечно да го комплицираатовој чудесен свет, можеа да предизвикаат крвопролевање, болка, насилство, но конечно животот е сепак една надеж. Една бесконечна надеж.”

Топло ви ја препорачуваме “Севдалинка”, за која сме сигурни дека ќе ги разбуди заспаните емоции во вас.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје