Литература Поезија Светска поезија

Непријател – Шарл Бодлер

Песната е извадок од „Цвеќињата на злото“. Прочитајте го во продолжение краткиот извадок од предговорот кон оваа збирка. Има малку поети чија појава претставува цел еден пресврт во континуираната линија на една поезија. Уште помалку се такви кои тоа успеале да го сторат преку една единствена збирка песни.

Несомнено е дека Шарл Бодлер со своите „Цвеќиња на злото“ спаѓа меѓу таквите: има секако повеќе десетина антологии на француската поезија во Франција и во светот кои започнуваат токму од Бодлер, а Хуго Фридрих го започнува својот есеј за овој поет (во книгата „Структурата на модерната лирика“) со категоричното тврдење: „Со Бодлер француската лирика станува европска појава“.

Непријател

Мојата младост е предел чиј хоризонт црн е,
луња низ која само в миг сонцето ќе светне;
громот толку удирал и дождот толку врнел
што во мојата бавча е редок плодот летен.

 Еве веќе низ есента на мислите бродам,
и со лопата и гребло треба, како стопан,
земјиштето да го зберам во кое што вода
големи колку гробови црни дупки копа.

И цвеќето, на мечтите мои толку драго,
во почвава измиена како речен грагор
ќе најде ли тајна храна за која е страдно?
О болка! Времето векот ни го јаде гладно,
а Непријателот, скриен во срцето, стрвен,
сè посилен и позгоен од нашата крв е!

Извор

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје