Кога ќе згасне зракот светлина, мрак
Абажурот, партнер в’ темнини постанува
Кога сите се заминати во светот на сонот
Јас, буден сонувам за светот на зборот
Разговор водам со листот празен, сал
Каде да отидеме и патуваме, сега
Збориме за букви, рими, приказни
Дур моливот трпеливо нè слуша
Кихотовски битка водиме со молкот
Праг по праг се губи денљубецот
Привршуваме елегично, сетне
Жалиме за отчукувањето на месечината
Минуциозно привршуваме со ремек-делото
Кое двамата не остави будни во светот
на зборот пишан…
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.