Skip to content

Кратка рецензија за „Приказни за добра ноќ“ од Наталија Наумовска

  • by

“Приказни за добра ноќ” е книга со токму такви приказни – кои би било најсоодветно да се читаат пред легнување, пред сонот да ти падне на очите. Ова не е книга која се чита во “еден здив”. Не е книга која потоа можеш да ја прераскажеш на друг. Ова е книга која се чита со длабока вклученост на мозокот која го води во релаксирана, но темелна размисла за многу сегменти од животот.

Најдобро е да се читаат по еден до два расказ за да може читателот да ужива во нив. Ама и да размисли длабоко за нештата кои ги сервира авторот како тема на размислување. Се радувам што таа пишува од срце, а не за да им се допадне на повеќето. Всушност тоа е и тоа книжевноста. Честитки за авторката, која иако толку многу млада, сепак создала книга со толку длабоки размисли.

Емилија Златкова Анастасова

Напишете коментар