Денес ви ја предлагаме пикантната комедија од Гијом Мисо „Девојка од хартија“

Ако ве привлекува мистицизам, ако сакате мешавина од фантазија и реалност оваа книга сигурно ќе ви се допадне.

Пред сè, овој роман ни носи јасна порака дека книжевноста е многу важна и дека пријателството е многу моќно.

Главниот лик Том Бојд, е писател кој постигнува огромен успех со неговите бестселери. Но, откако неговата девојка ќе го остави, тој не може да напише ниту еден збор и бара утеха во алкохолот и дрогата.

Неговата депресија го турка на работ и го доведува до самоубиство. Една бурна ноќ се буди и ја наоѓа хероината на еден од неговите романи во неговата дневна соба. Оваа неочекувана средба го поттикнува да го сврти наопаку својот живот и да  ја надмине блокадата која го мачи. Но, наскоро ќе сфати дека девојката не е тоа што тој замислува дека е ….прочитајте за каква хероина се работи во овој интересен роман на Гијом Мисо и ќе видите зошто овој е еден од неговите најпопуларни романи во Франција.

Ќе видите зошто книгите имаат посебно место во нашите животи!

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?